19-годишниот чешки тенисер Јакуб Меншик направи сензација и го победи Новак Ѓоковиќ во два сета на мастерсот во Мајами (7-6, 7-6), со што го спречи најголемиот светски тенисер да дојде до посакуваниот стоти трофеј во кариерата.
Тенисерот од Чешка, Јакуб Меншик првпат во кариерата ќе игра финале на еден Мастерс турнир откако ноќеска го победи третиот носител во Мајами, Тејлор Фриц со 2-1 (7-6, 4-6, 7-6). Меншик има само 19 години, а на Флорида оствари неколку значајни резултати, имајќи предвид дека во второто коло го елиминира победникот од Индијан Велс, Џек Дрејпер, потоа Сафиулин и Махач, за синоќа да го совлада и четвртиот светски рекет.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата 100. титула во кариерата бидејќи беше поразен во финалето на АТП турнирот во Мајами.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Чехот Јакуб Меншик во финалето на турнирот во Мајами.