Соединетите Држави (САД) на 8 август објавија дека ја дуплирале наградата, на 50 милиони долари, за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој е обвинет од американските власти за трговија со дрога.„Денес, Министерството за правда и Државниот департмент објавуваат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на Николас Мадуро“, напиша главниот обвинител Пам Бонди на социјалната мрежа X.Претходната награда објавена во јануари беше 25 милиони долари.САД сметаат дека изборот на Мадуро за претседател во јануари, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, е нелегитимен.
Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди.