Социјалистичката партија на Србија (СПС) сигурно нема да го поддржат иселувањето на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето, изјави лидерот на СПС Ивица Дачиќ за Данас, реагирајќи на изјавата на Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, дека изместувањето на Јосип Броз од Музејот на Југославија е крајно важно за српскиот народ, како и отстранување на посмртните останки на четворица народни херои од Калемегданската тврдина, јави дописникот на МИА од Белград. Libertas
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан. Press24
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска кажа дека ќе се формира комисија за споменици и именување на плоштади и улици. Libertas
На најавата на Шапиќ дека социјалистите ќе ја поддржат одлуката која наскоро треба да ја донесе Министерството за култура и дека тој како градоначалник ќе помогне да се „изведе квалитетна ексхумација и преместување на телата“ на Тито, Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ, реагираа и други социјалисти.
Тома Фила, советник во белградското Собрание, потсетува дека иселувањето на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето не е во надлежност ниту на Шапиќ, ниту на белградското собрание. Nezavisen