Александар Шапиќ, судејќи по првите реакции, засега ја нема поддршката од своите коалициски партнери.
На најавата на Шапиќ дека социјалистите ќе ја поддржат одлуката која наскоро треба да ја донесе Министерството за култура и дека тој како градоначалник ќе помогне да се „изведе квалитетна ексхумација и преместување на телата“ на Тито, Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ, реагираа и други социјалисти. Libertas
Шапиќ, во пресрет на седницата на Градското собрание изјави дека Градот не е одговорен за преместувањето на гробот на Тито и другите и дека последниот збор треба да го каже Министерството за култура.
Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека изместувањето на Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија (на Дедиње) е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. Libertas
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска најави дека ќе поднесе иницијатива за подигање на споменик на Дража Михаиловиќ и релокација на гробот на Јосип Броз Тито во Кумровец.
Мислам дека конечно треба да има негов споменик во Белград, на достоинствено место во центарот на градот. Telma