При предвидувањето на можните ефекти од претстојниот втор претседателски мандат на Доналд Трамп голем број светски медиуми поитаа да изнесат негативни сценарија што тие ги очекуваат речиси во сите сфери на глобално ниво.
Одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го именува Роберт Ф. Кенеди Помладиот за американски секретар за здравство и човекови услуги предизвика широки критики кон Кенеди, познат антивакцинален активист кој поддржува бројни дискредитирани теории за здравјето, пишува Гардијан.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пофали неколку членови на неговиот нов кабинет минатата ноќ на гала вечера по повод неговото враќање во Белата куќа, иако многу од неговите номинирани се најдоа на удар во Вашингтон, објави Вашингтон пост.
Неверојатна среќа му се случила на французин кој вложил за Трамп и освоил 85 милиони долари (80,5 милиони евра) преку серија облози на „Полимаркет“ – пазар за крипто-предвидувања, кој стана популарна платформа за обложување за изборите во САД, на кои победи Доналд Трамп.