Истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб им изрече едномесечен притвор на поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош и на бизнисменот Саша Поздер, кои Ускок ги сомничи за корупција при набавка на болничка опрема. Novamakedonija
Притвор од еден месец за поранешниот министерот за здравство на Хрватска Вили Берош и за Саша Поздер, а мерки на претпазливост се изречени против неврохирургот Крешимир Роти бидејќи ја изнесе својата одбрана, соопшти УСКОК.
Вицепремиерот и министер за хрватски бранители, Томо Медвед, денеска изјави дека ја осудува секоја форма на коруптивни и криминални дејствија и дава целосна поддршка на органите на прогонот во расветлувањето на случајот што доведе до апсење и разрешување на министерот за здравство Вили Берош. Fokus