Добрата вест е дека во НАТО ја имаме Алијансата која ни е потребна за да го одбраниме секој милиметар од нашата територија, а во Грција, благодарение на вашето лидерство, имаме цврст сојузник, истакна генералниот секретар на НАТО Марк Руте по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна ја нагласи важноста да се почитуваат и меѓународното право и меѓународните договори, особено, како што рече, на Западен Балкан. A1on
„Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот“, им рече Руте на новинарите пред работниот ручек со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на работната турнеја низ источниот Медитеран пренесува „Гардијан“.
Според неговите зборови, земјите-членки на Алијансата треба да и обезбедат на Украина значајна противвоздушна одбрана и да ги исполнат сите обврски преземени на самитот на НАТО во Вашингтон. Republika