Libertas
По приведувањето Специјалниот суд донесе 21 мерка за безбедност во контекст на истрагата за криминална организација од меѓународен обем, во која се вклучени членови на криминалната организација, високи полициски функционери, судии кои биле на должност за време на криминалната активност, адвокат и двајца новинари, објавија албанските медиуми.
За 18 од приведените лица, вклучувајќи ги и поранешните судии во Елбасан, Пајтиме Фетаху и Зихни Шаху, кој бил и претседател на судот во овој град, како и високи функционери на државната полиција, меѓу кои и началник на Полициски комесаријат во Тирана, определен им е затворски притвор, мерка домашен притвор му е изречена на адвокат, додека обврска за јавување на новинарите Артан Хоџа и Елтон Ќино. Libertas