Од затвор, каде ја издржува мерката притвор, реагираше и лидерот на Партијата на слободата и поранешен шеф на државата, Илир Мета, кој им честиташе и на „сите граѓани кои сакаат и заслужуваат правна држава“ -Конкретно, сакам да го поздравам Проф. д-р Бериша со мојата изјава, како претседател на Републиката, дадена на 22 мај 2021 година, кога беше прогласен за „нон грата“, бидејќи секогаш сум бил убеден дека тоа писмо е составено против него од страна на Еди Рама, Сорос, Чарлс Мекгонигал, Росини и други за да се уништи политичкиот плурализам за коруптивни цели и да се затрујат односите меѓу Албанија и САД, напиша Мета, постирајќи заедничка фотографија. Libertas