Овие амблеми главно припаѓаат на специјализирани единици за при извршување на специјални воени операции, а покрај нив, пронајдени се и знамиња на руското царско крило, знаме што го користела Русија во 18-19 век“, изјави тој.
Курти нагласи дека Србија се обидува да ги копира руските методи за да го нападне Косово и регионот, „но овие напори не успеаја“, благодарение на, како што рече, „силата на Косово што се потпира на западните демократски вредности и меѓународните партнерства“. Libertas
По експлозијата, која ги предупреди локалните власти, Косово побара овластување од командантот на КФОР да ги испрати своите единици во погодената област, во обид да обезбеди стабилност и да ги поддржи операциите за помош.
Според писмениот одговор на КФОР, командантот на мисијата на НАТО не го дал потребното одобрение врз основа на детална проценка на безбедносната ситуација. Civilmedia
„Србија ги копира руските методи за да му се закани на Косово и нашиот регион во целина“, рече тој.
Слободата и демократијата кои владеат во Косово се принципи на еднаквост и правда, додаде Курти. A1on
„Во контекст на времето и природата на самиот чин, овој напад се чини дека е поврзан со масовните воздушни напади на Руската Федерација против Украина, при што овие напади беа насочени против енергетската инфраструктура во Украина.
Еден ден пред нападот, на 28 ноември, руските воени сили со 188 проектили и беспилотни летала ја нападнаа критичната енергетска инфраструктура во Украина, оставајќи ги без струја во пресрет на зимата“, изјави Курти. Libertas