Како што се наведува, Мелони и Фон дер Лајден разговарале за влијанието на зелените политики врз автомобилската индустрија и загриженоста на италијанските фармери поради договорот ЕУ-Меркосур, со кој се зголемува увозот на говедско месо, живина и шеќер од земјите од Латинска Америка во Европа.
Покрај тоа, за време на средбата „посебно внимание беше посветено на европската миграциска политика, согледувањето на постигнатите резултати и (новите) алатки за управување со феноменот миграција“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Kanal5
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека преговорите за членство со Украина во ЕУ може да започнат веќе на почетокот на следната година. Fokus
Тоа е голем чекор напред што ја продлабочува Европа внатре, рече Фон дер Лејен.
Како достигнувања за време на унгарското претседателство, таа ги наведе и усвојувањето на 15-тиот пакет санкции против Русија за поддршка на Украина, постигнувањето договор на Г7 за кредитна рамка и организирањето на многу успешен самит на Европската политичка заедница. Netpress