Кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е Тик Ток ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија, објавија албанските медиуми.
Во Албанија одлуки носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот Тик-ток, се вели во реакцијата на премиерот на земјата, Еди Рама по информациите дека кинеската компанија „Бајт денс“, во чија сопственост е социјалната платформа, ќе бара итно појаснување од владата во Тирана во врска со одлуката за забрана на платформата во Албанија на една година.