Србија се најде под строги санкции, но не стори ништо за да дојде до нив, изјави во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на одлуката на Министерството за финансии на САД да санкционира повеќе од 200 субјекти кои работат со и во рускиот енергетски сектор, вклучително и компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС). Во своето обраќање до јавноста по веста од Вашингтон, Вучиќ истакна дека Американците велат дека нивната намера не е да ја таргетираат Србија, ниту само НИС, туку дека ова е сеопфатен напад врз руските компании и сите поврзани компании, вклучително и НИС.