Тогаш беа затворени привремените општински тела Пеќ, Исток, Клина, Скендерај, како и оние во општините на север: Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Затворени се и филијалите на Српската пошта во северно Косово, седиштето на Народната банка на Србија во Лепосавиќ, Поштенската штедилница, Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Дирекцијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управниот округ Косово-Митровица , и Центарот за социјална работа во Вучтри. 360stepeni
Американската амбасада во Приштина објави дека денешното затворање на српските институции во Косово од страна на Приштина директно и негативно влијае на Србите и другите заедници на Косово и може да ги поткопа аспирациите на Приштина да се приклучи кон евроатлантската заедница. Netpress
Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.
„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово, напиша Свечља на Фејсбук. Denesen
Порталот на српски јазик „Косово онлајн“ тврди дека косовската полиција (КП) вршела рација во поштенските и општинските згради без судски налог и дека полициските инспектори не им кажале на вработените по чија усна наредба ја спроведуваат акцијата.
Главниот преговарач на Белград со Приштина и директор на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, реагирајќи на акцијата на КП, го прекина и го напушти денешниот состанок во Брисел под покровителство на ЕУ требаше да се разговара за продолжување на дијалогот за нормализација на односите за решавање на проблемот со исчезнатите лица. A1on
Овие агресивни потези не се само напад врз институциите, туку јасен обид за поткопување на колективните права и идентитетот на Србите во Косово – напиша Ѓуриќ на својот Инстаграм профил.
Тој изјави дека „оваа стратегија само ги продлабочува поделбите и ја загрозува стабилноста во регионот“ и ја повика меѓународната заедница јавно и недвосмислено да ги осуди овие постапки и да ги заштити правата на Србите на Косово. Plusinfo
ЕУЛЕКС го следи спроведувањето на тие неодамнешни активности во согласност со својот мандат – се вели во соопштението на портпаролката за надворешни работи и безбедносна политика, Анита Хипер.
Планирано е статусот на српските структури да се реши преку дијалогот предводен од ЕУ. Косово мора да демонстрира и да остане доследно на своите заложби во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ и неговото неодамнешно повторно обврзување кон него. Novamakedonija