Вучиќ во гостувањето во емисијата Фокус на Б92, на прашањето дека 1.100 луѓе ќе останат без работа поради невидениот терор врз Србите на Косово и Метохија, рече дека државата Србија нема да дозволи да останат без приход, „Се лажете, немаше губење на работни места, тие луѓе нема да останат без работа, тие луѓе ќе имаат приходи и заработка, ќе ги издржуваат семејствата, бидејќи државата Србија се грижи за нив и за сите оние кои Курти ги отпушти, уништувајќи им ги работните места, но не останаа без работа.“ „Србија си го презеде тоа и овие луѓе ќе можат да живеат, тоа е важен факт, да им го кажеме ова на луѓето кои живеат во централна Србија, за да знаат дека овие луѓе не ги изгубиле приходите, а теророт е, да, очигледен“, рече Вучиќ. Kanal5