Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). „Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат“, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.
Еврокомесарката за проширување – Марта Кос денеска изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) барем една земја од процесот на проширување ќе стигне до „финишот“.