Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
28.26
17.87
0.55/0.84
5.00
2.49
0.50
415.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 135.4
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 135.4
Novamakedonija

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас денеска одново свика состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности што се одржа во Министерство за климатски кризи и цивилна заштита, каде што детално биле разгледани досегашните податоци.

Членовите на Комисиите едногласно констатирале дека сеизмичката активност во калдерата останува на исто ниско ниво како и во претходните денови, дека сеизмичката серија во морската област меѓу Санторини и Аморгос е особено висока, со 200 земјотреси од 1 февруари со јачина над три степени (и со максимална регистрирана магнитуда од 4,9 степени), но и дека тековната сеизмичка активност се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец. Novamakedonija

  • Училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе останат затворени до петок, а и понатаму се во сила постоечките препораки за граѓаните, поради сеизмичката активност меѓу Санторини и Аморгс, како што соопштија од Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, истакнувајќи дека од 1 февруари биле регистрирани 200 земјотреси со јачина од над три степени, со максимална магнитуда од 4,9 степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Biznisvesti

Комисиите ги препорачува следните превентивни мерки: училиштата да останат затворени до петок 7 февруари 2025 година во Тира, Анафи, Иос и Аморгос.

Граѓаните ќе треба: да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес, соопштија попладнево од Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, што воедно е продолжување на мерките што веќе беа соопштени. Biznisvesti