Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека во Србија нема да има „обоена револуција“ и дека промената на власта е можна само на избори.
Тој изјави во Кикинда, за време на посетата на Севернобанатскиот и Среднобанатскиот округ во Војводина, дека во изминатите денови и месеци „најголема поддршка добил од обичните луѓе.“ Во екот на протестите на кои се бара политичка и кривична одговорност за уривањето на бетонскиот покрив на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, Вучиќ започна обиколка на регионот на Србија каде што им се обраќа на граѓаните.