Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9 февруари, но нема да може сам да формира влада.
На 88,04% од преброените гласови, Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освоило 41,29 отсто од гласовите на парламентарните избори во Косово.
Самоопределување победува на косовските парламентарни избори, покажуваат сите излезни анкети, но тоа нема да биде толку убедлива победа како на претходните избори.
Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК). За Самоопределување гласале меѓу 37% и 42% од избирачите, но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.