Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да започне истрага за паѓањето на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, што се случи за време на пребројувањето на гласовите од парламентарните избори одржани во неделата.
„Соопштуваме дека Основното обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да преземе истражни дејствија или мерки во соработка и координација со надлежните институции за каква било злоупотреба или манипулација со гласови по исклучувањето на веб-страницата на ЦИК“, се вели во соопштението на Обвинителството. Nezavisen
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека денеска (вторник) ќе започне процесот на пребројување на гласовите за кандидатите за пратеници, пренесуваат косовските медиуми. Civilmedia