Романија, заедно со други европски држави, беше објект на саботажи и хибридни напади, специфични за Русија, се наведува во извештајот на романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам (ДИИЦОТ). - Целта на хибридните напади беше да се тестира одбранбената готовност на земјите-членки на НАТО и да се пронајдат слабости во инфраструктурата, се наведува во извештајот. Kanal5
Привремениот претседател Илија Болојан Привремен претседател на Романија ќе биде Илије Болојан, вториот човек во земјата, претседател на Сенатот, лидер на Национал-либералната партија (ПНЛ), откако тој привремено се повлече од партиската функција, како што налага Уставот.
Проевропските партии во Романија, вклучително и Социјалдемократската партија (ПСД), Национал-либералната партија (ПНЛ), Алијансата за спас на Романија (ССР), Унгарската демократска унија на Романија (УДМР) и Парламентарната група на националните малцинства, вчера објавија дека се посветени на заедничка владина програма и поддршка за евентуален заеднички кандидат на изборите. Plusinfo
Не Русија туку доскорешната американската администрација на Џо Бајден пробала да се меша во изборите во Романија, тврди Ричард Гренел, специјалниот пратеник за мисии на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Гренел напиша и дека УСАИД учествувал во романскиот „пуч“ со бојкотирање на десничарот Калин Георгеску: „Странските програми на УСАИД се вооружени против политичарите кои не се разбудени“. Plusinfo