Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Повеќе сојузници на НАТО во четвртокот изразија поддршка за зголемување на трошоците за одбрана, истовремено нагласувајќи ја потребата Украина и другите европски нации да бидат дел од каков било преговарачки крај на руската војна против Украина.
Ваквите изјави доаѓаат во време кога министрите за одбрана на НАТО се собраа во Брисел на состанок фокусиран на целите на трошоците за одбраната, зајакнувањето на индустрискиот капацитет и поддршката за Украина.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите. Biznisvesti
Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне – рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Писториус нагласи дека затоа е неопходно членките на НАТО повеќе и побрзо да инвестираат во својата одбрана и безбедност. Plusinfo
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите.
„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Denesen
„Следната најважна задача е да се осигураме дека мирот не е наметнат никому“, изјави германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) за списанието Politico.
Шолц истакнува дека на Украина треба да ѝ се остави доволно простор за развој и по прекинот на огнот, а дека тоа и се однесува и на нејзините вооружени сили, акои инаку ЕУ и САД ги поддржуваат уште од превратот во Киев во март 2014 година. Netpress
„Не може да има преговори за Украина, без Украина.
И гласот на Украина мора да биде во срцето на сите разговори“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили за новинарите непосредно пред министерството. Mk
Мора да бидеме реални во овој момент, рече Писториус.
Одбранбениот буџет на Германија моментално изнесува околу 2,1 отсто од БДП, при што значителен дел од средствата доаѓаат од посебниот фонд од 100 милијарди евра формиран по руската инвазија врз Украина. Kanal5
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја повтори пораката дека ЕУ и Украина мора да бидат вклучени.
Доскорешниот германски канцелар Олаф Шолц во интервју за „Политико“ изјави дека не смее да има наметнат мир во Украина, а какво било решение на конфликтот таму мора да ги вклучи САД. Plusinfo
Не смее да има наметнат мир во Украина, а какво било решение на конфликтот таму мора да ги вклучи САД, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во денеска објавено интервју за „Политико“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европската унија ќе биде обединет фронт на Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни наредби за воведување царини од 25 отсто за челик и алуминиум.
Соработката меѓу Европската Унија и САД во справувањето со заедничките предизвици беше главна тема на денешната средба во Париз меѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.
Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Министрите за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија денеска во Париз одржаа состанок на кој ја потврдија својата поддршка за Украина и испратија порака дека не може да има траен и праведен мир во земјата без учество на Киев и Европејците во какви било преговори.
Министри за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија на денешниот состанок во Париз ја потврдија својата поддршка за Украина.
Велика Британија мора да ја стави Украина во најсилната можна позиција, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.
Тајмс пишува дека „лидерот на лабуристите ќе објави дека европските земји треба уште повеќе да се фокусираат на напорната работа во НАТО додека претседателот Трамп го префрла фокусот на САД кон Кина и одбраната на САД“.
Нашата земја останува посветена на намерата за континуирано вложување на два проценти од БДП за одбраната, што ја позиционираше меѓу две третини од сојузничките држави кои ја имаат исполнето оваа заеднички цел на НАТО, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел.
Денеска и утре (12-13 февруари) министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана.