Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека протестите во изминатите три месеци донеле големи и сериозни проблеми за српската економија и нагласи дека за него многу поважно од прашањето дали се поделени како општество или не, е како ќе ги зачуваат работните места.
Протестот во Крагуевац под слоганот „Да се сретнеме на Сретение“, на кој го повикаа српските студенти, влезе во шестиот час, а колони луѓе од повеќе правци се уште пристигнуваат во градот, јави Бета.
Блокадата на централните улици во Крагуевац заврши неколку минути по полноќ, откако на повик на студенти се собраа десетици илјади граѓани.
Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град пешки поради протестот „Сретни се на Сретение“.