Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
0.00
12.97
1.27/0.00
7.00
2.03
0.29
657.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
16 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 71.7
Best clustering variants
16 0.99/0.01 2 71.7
18:06 h 28-Feb-2025
  • Две години по најтешката железничка несреќа во историјата на Грција, во која загинаа 57 луѓе, земјата денеска е парализирана од генерален штрајк и стотици протести, со кои се потсетува на трагедијата која стана симбол на институционален неуспех.
  • ◉ Генерален штрајк и стотици протести ја парализираа Грција
07:06 h
  • Пред точно две години, на 28 февруари 2023 година во Грција се случи една од најголемите железнички несреќи во изминатите најмалку 50 години, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија кај месноста Темпи, 57 лица го загубија животот, над 100 беа повредени, а две години подоцна, сè уште остануваат неодговорени низа прашања околу причините, додека судскиот процес воопшто не е ни започнат, јави дописничката на МИА од Атина.
  • Две години од железничката несреќа кај Темпи – граѓаните бараат правда преку 380 протести во Грција и целиот свет
Nezavisen

Во текот на минатиот месец во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, според која околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород, по што во Грција интензивно се поставуваше прашањето што точно превезувал товарниот воз и дали постоел нелегален товар.

Од компанијата „Хеленик трејн“ (Hellenic Train), тогаш излегоа со соопштение во кое објаснија дека товарниот воз имал 13 вагони, од кои првите три, кои излетаа од шините, „превезуваа широки производи за ламинирање од железо (лим)“, во четвртиот, петтиот, шестиот и седмиот вагон имало прехранбени продукти, во следните два имало пива, во другите два имало железни жици, а последните два биле со празни контејнери. Nezavisen