Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази загриженост за нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент вчера и повторно повика на деескалација на тензиите преку создавање услови за инклузивен дијалог со учество на сите засегнати страни. Libertas
Парламентот треба да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и треба да ја исполни својата улога, рече Кос.
Таа повика на „намалување на тензиите, воспоставување услови за дијалог кој ги вклучува сите засегнати страни, вклучително и политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, за решавање на неопходните реформи за иднината на Србија во ЕУ“. Sitel