Во исто време со почетокот на расправата во Парламентот, пред Парламентот во центарот на Атина, ќе се одржи нов протест за железничката несреќа, а демонстрации ќе има и во други грчки градови.
Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5