Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“. Sitel
Како што пренсе Бета, тој рече дека верува оти студентите во блокада се „попаметни од овие несреќни опозиционери и знаат дека ова не смее да биде Ден Д“ и дека не треба да учествуваат во тоа, а подоцна да продолжат со своите акции додека не се исполнат нивните барања и да останат запаметени како победници, наместо по насилство.
Вучиќ нагласи дека „нема ништо од обоената револуција“ и дека книгата, како успеал да ја победи, ќе ја заврши во текот на летото бидејќи веќе ја има направено корицата и неколку страници, наведувајќи дека тоа ќе биде „форма на учебник без романтизам за да им служи на слободољубивите народи во светот“. Libertas
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека како што стојат работите следната сабота, за кога е најавен голем протест во Белград, опозицијата ќе се обиде да направи нешто со насилство и порача дека тогаш, како што рече, ќе им биде „отсвирен“ крај. A1on
Можеби ќе ни требаат 15 минути, можеби еден час, можеби два.
Така што државата ќе знае како да се однесува како држава и тука нема филозофија, а ние само ќе ги повикаме да бидат мирни, да не се обидуваат со насилство, но јас ги знам и, за жал, секогаш сум бил во право до сега“, рече Вучиќ. A1on