По налогот на Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска, Милорад Додик се јави министерот за внатрешни работи на Република Српска Синиша Каран кој изјави дека никој нема да биде уапсен.
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони за забрана на работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на територијата на РС. Освен него, осомничени се и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.
Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.