„Вечерва водителот на РТС не нарече толпа.
Затоа вечерва ја блокираме зградата на РТС. Faktor
Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Fokus
Тие ги повикаа граѓаните кои сакаат да им помогнат да го сторат тоа со донации.
Реакцијата на студентите беше предизвикана од гостувањето на Александар Вучиќ во вестите на Јавниот сервис, при што водителката ги нарече „орда“ (rulja) студентите и граѓаните кои најавија протест во Белград на 15 март. Libertas
Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.
Во моментов околу просториите на Радио телевизија на Србија во Белград се наоѓаат голем број полицајци. Kanal5
На сите вработени ќе им биде дозволено да ја напуштат зградата – но никој не влегува“, најавија студентите на Медицинскиот факултет во Белград.
Радио телевизија на Србија објави дека блокадата на нивната зграда е во целосна спротивност со претходните изјави на студентите во блокадата дека се залагаат за слободно функционирање на институциите. Fokus
Заврши дваесет и двечасовната блокада на влезовите во зградите на Радио-телевизија на Србија (РТС) и Радио-телевизија на Војводина (РТВ). Студентите кои синоќа околу 23 часот го блокираа влезот во зградата на РТС, ноќта ја минаа пред јавниот сервис. Mk
Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград и најавија дека блокадата на зградата на јавниот сервис ќе трае 22 часа. Press24
Студенти за Нова.рс изјавија дека утрово неколку лица, најверојатно вработени во РТС, се обиделе да влезат во зградата, но им било кажано дека е во тек блокада.
Блоката ја иницираше изјава на новинарка на РТС која за време на разговорот со српскиот претседател Александар вучиќ ги нарече студентите толпа. A1on
Влезот во зградата во Петроварадин кај Нови Сад околу полноќ бил блокиран од студенти во знак на солидарност со нивните колеги во Белград кои протестираат околу зградата на РТС, јавуваат медиумите.
Непосредна причина за блокадата беше изјавата на новинарка на РТС која во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече студентите толпа, пишува Нова.рс. Студентите формираа жив ѕид пред сите влезови во зградата на РТВ, подигнаа шатори, а на ѕидовите и стаклото на зградата со црвена боја спреј напишаа „Зошто молчиш“ и „Доста е медиумски мрак“. A1on
Дополнително ги разлути и гостувањето на претседателот Александар Вучиќ на јавниот сервис синоќа.
Се огласи и РТС: „Спречувањето на вработените на РТС да дојдат на работа е опасен преседан. Mk