Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад. Biznisvesti
Ги повикувам сите да не предизвикуваат немири – порача претседателот.
Поддржувачи на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, спроти палатата на претседалот, со што поттикнуваат стравувања од можни судири со демонстрантите. Plusinfo
Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.
Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија. Denesen
Иако дел од студентите во блокада најавија промена на локацијата на одржување на протестот во 16 часот поради безбедносни причини, па наместо пред српскиот парламент, тој да се одржи на плоштадот „Славија“ во центарот на Белград, сепак протестот ќе се случи на првично предвидената локација, односно на платото пред законодавниот дом. Libertas
Илјадници лица пристигнаа денеска од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград и се упатија на антивладините демонстрации во центарот на главниот град. Plusinfo
На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.
Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања – објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти. Telma
Претходните собири предводени од студентите во други српски градови беа мирни.
Во Белград, тензиите се зголемија откако поддржувачите на Вучиќ, вклучително и поранешните паравоени борци, поставија камп во паркот пред зградата на претседателството. Biznisvesti
„Одговорот на Србија на овие протести ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ“, напиша оваа недела меѓупартиска група членови на Европскиот парламент во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на „непријавен собир“ на граѓани во петокот вечерта на повик на студенти во Белград, имало неколку инциденти кои „главно биле насочени“ кон учесниците на вториот собир „Студенти 2,0“ во Пионирски парк. Biznisvesti
Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото.
Повеќе од десетина лица се обвинети во врска со смртоносното уривање на настрешницата. Libertas
Од синоќа прекинаа со превоз на патници голем број компании кон и од Белград.
Мисијата на Европската унија во Србија соопшти дека „слободата на собирање е основно право“ и дека безбедноста на учесниците и институциите мора да се зачува. Biznisvesti
Додека граѓаните се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со студентите, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот. Kajgana
Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Kanal5
Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше по завршувањето на протестот организиран од студентите во Белград, а кој беше организиран како дел од протестот против уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад минатата година, при што загинаа 15 лица. A1on
Студенти, наставници, земјоделци и работниците се приклучија на демонстрациите и тоа според медиумите во Белград е голем предизвик за Вучиќ, кој е на власт 12 години како премиер или претседател.
Во главниот град на Србија пристигнати се и луѓе и студенти лојални на Вучиќ и кампуваат во близина на неговиот кабинет во центарот на градот. Libertas
Студентите во блокада од Електротехничкиот и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалните мрежи објавија дека централно место на денешниот протест, закажан за 16 часот, наместо на платото пред српскиот парламент, ќе се одржи на плоштадот „Славија“. Fokus
Ги повика сите да не предизвикуваат немири, а полицијата да не употребува сила без апсолутна потреба, туку само во „јасни ситуации на прекршување на законите и загрозување на животот“.
Студентите кои повеќе од три месеци ги блокираат факултетите низ Србија повикаа на протест во Белград на 15 март. Faktor
Патријархот Порфирије, поглаварот на Српската православна црква, повика „сите, без исклучок, да го отфрлат насилството“.
Во декември минатата година, студентите издадоа сет на барања што вклучуваат објавување на документи поврзани со катастрофата на железничката станица и преземање одговорност. Plusinfo
Денеска во Белград, како што тврдат многумина, се одржа најголемиот собир во поновата историја на Србија.
На повик на студентите во блокадата, во главниот град дојдоа стотици илјади граѓани од целата држава. Plusinfo
Засега нема официјално образложение за потезите на српската полиција.
„Одговорот на Србија на овие протести ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ“, напиша оваа недела меѓупартиска група членови на Европскиот парламент во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Biznisvesti
Српскиот патријарх Порфириј во утринско богослужение во храмот Свети Сава, молитви за крај на поделбите меѓу српскиот народ и мир меѓу граѓаните.
Тој нагласи дека се плаши дека ќе има насилство на протестот во Белград што денеска го организираат студентите во блокада. Biznisvesti
Нема да плачам, а задутре ќе разговараме за тоа како ме собориле.
Тоа е гол повик на насилство“, рече тој. Kajgana