Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) ги повика „сите кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани во Србија“ да ги прекинат поделбите и да иницираат братски дијалог.
„Црквата ги повикува сите оние кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани, да размислат за сопствените гревови и да ги покажат плодовите на покајанието за време на Велигденскиот пост, време на покајание и простување, за секој од нас да биде подобар и Христовите зборови ‘Како што би сакале луѓето да ви прават, така правете со нив’ да бидат нашето златно правило“, се вели во соопштението на СПЦ.