Студентите кои го поддржуваа приведениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на Универзитетот во Истанбул, ги пробија полициските барикади за време на денешните демонстрации, по што полицијата интервенираше со солзавец, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми.
Акцијата дојде во момент кога главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) повика на национални протести по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Kanal5
Студентите кои го поддржуваа приведениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на Универзитетот во Истанбул, ги пробија полициските барикади за време на денешните демонстрации, по што полицијата интервенираше со солзавец, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми. Nezavisen
Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на повеќе високи претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), оценувајќи го како „очигледна злоупотреба на судскиот систем“. Kanal5
Имамоглу е главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а опозицијата за неколку дена треба да го избере својот претседателски кандидат на следните избори.
Водачот на ЦХП, Озгур Озел, рече дека без оглед на одлуката на универзитетот да ја откаже дипломата, партијата ќе го именува Имамоглу за свој претседателски кандидат на 23 март за изборите во 2028 година. Kanal5
ЦХП го осуди потегот како „цивилен пуч“ чија цел е да го стави на страна политичкиот противник на Ердоган.
Сопругата на Имамоглу, Дилек Имамоглу, смета дека Ердоган е одговорен за притворот на нејзиниот сопруг. Nezavisen
Имамоглу беше приведен само неколку дена пред неговата очекувана номинација за претседателски кандидат на опозицијата.
ЦХП го осуди потегот како „цивилен пуч“ чија цел е да го стави на страна политичкиот противник на Ердоган. Kanal5
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и на стотина други лица, меѓу кои и новинари и еден бизнисмен, како дел од истрагата за корупција, објави во средата порталот Sabah. Netpress