Илјадници луѓе се собраа денеска втора ноќ по ред пред градското собрание на Истанбул во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, што многумина го гледаат како обид да се елиминира клучниот потенцијален противник од следната претседателска трка. Libertas
Илјадници луѓе денеска втора ноќ по ред се собраа пред градското собрание на Истанбул во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Универзитетските студенти во Истанбул и Анкара одржаа главно мирни демонстрации во знак на протест против апсењето на Имамоглу. Fokus
Имамоглу, 54-годишниот лидер на најголемиот турски град, е пред Ердоган во некои анкети.
И покрај ограничувањата, илјадници студенти се собраа на протест во кампусот на Универзитетот во Истанбул минатата ноќ, пред некои да се судрат со полицијата. A1on
Пред градското собрание на Истанбул, полицијата блокираше група млади луѓе кои се обидоа да ја пробијат барикадата во обид да маршираат кон Таксим, централниот плоштад во градот.
Ердоган, пак, ги нарече „театар“ критиките за притворот на градоначалникот на Истанбул. Libertas