Министерството за транспорт и врски досега одзеде 427 лиценци на градежни компании кои не ги исполнуваат потребните услови, иако во моментот на издавање ги задоволувале критериумите.
Дури 15 проценти од фирмите кои добиле лиценци за градба, проектирање и надзор, не ги изполнуваат условите за работа – информираше министерот за транспорт Александар Николоски.
Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството.