Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во Москва дека очекува последици поради учеството на руската воена парада по повод победата над фашизмот во Втората светска војна, но дека од Европската Унија очекува да го казни лично него, а не Србија. Libertas
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Москва изјави дека сега се чувствува добро, но дека сè уште не ја вратил целата сила и дека терапијата што ја зема му е потешка, но дека ќе се навикне на неа и дека очекува сè да биде во ред. Faktor
Наведувајќи дека денеска во Варшава се одржува самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Вучиќ вели дека таму веројатно ќе има многу реакции кои ќе бидат тешки и дека за неколку дена ќе има разговори со европски претставници.
Претседателот на Србија наведува дека тоа било очекувано и дека се гордее со тоа што никого не довел во заблуда и не излажал. Libertas