Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, беше застрелан во главниот град Богота, јавуваат светските агенции.
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.
Стејт департментот остро го осуди обидот за убиство на колумбискиот претседателски кандидат, сенаторот Мигел Урибе, и го повика претседателот на Колумбија, Густаво Петро, да се воздржи од „запалувачка реторика“ и да ги заштити колумбиските функционери.
Конзервативниот сенатор Мигел Урибе, колумбиски претседателски кандидат на изборите во мај 2026 година, вчера беше ранет за време на предизборен митинг, потег што владата „категорично и силно“ го осуди, а неговата сопруга рече дека се бори за својот живот.