Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.
Премиерот на Камбоџа Хун Сен испрати писмо до постојаниот претставник на Пакистан во ОН и претставник на Советот за безбедност, во кое бара итен одговор на непријателските дејствија од страна на Тајланд, објавија камбоџанските медиуми.
Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.
Најмалку 12 лица загинаа во вооружениот судир меѓу Тајланд и Камбоџа, кој почна рано утрово, објавија армиите на двете земји тврдејќи дека првите истрели биле лансирани од другата страна.