Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за инвестиции во одбраната во Европската Унија, вклучително и за воена помош за Украина, јави ДПА.