Градските власти на Киев ќе издвојат 6,2 милиони долари за зајакнување на програмата за пресретнување на беспилотни летала, со цел да се одбрани главниот град од сè почестите руски напади, објави во петокот шефот на воената администрација на градот, Тимур Ткаченко.„Овие средства ќе се користат не само за купување опрема, туку и за создавање ефикасен систем за одговор“, напиша Ткаченко на Телеграм, објави Ројтерс.
Од: А1он Двајца загинаа, а најмалку 13 се повредени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта со балистички ракети и беспилотни летала, изјави шефот на Воената администрација на градот, Тимур Ткаченко.