1 (41) ■ вести > свет ■ 31-Mar 11:31 -> 01-Apr 00:08
.
.
.
.

Орбан: Јас сум Марин Ле Пен

  • Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ

  • Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

  • Пет години забрана за кандидирање за јавна функција – Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски пари

По веста дека лидерката на Францускиот национален митинг (Rassemblement National), Марин Ле Пен, е осудена на четири годишна затворска казна за проневера на европски пари и доби забрана да се кандидира на претседателките избори, се огласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си. Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната.

Лидерката на француската партија Национален собир (РН), Мари Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.

Забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години од кои две се условни и парична во висина од 100.000 евра.

4 (40) ■ вести > свет > русија ■ 30-Mar 17:57 -> 31-Mar 20:44
.
.
.
.

Трамп откри дека има план и за трет мандат: Имам најголем рејтинг во последните 100 години

  • Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси

  • Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

  • Трамп: Лут сум и бесен на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера наутро одби да ја отфрли можноста да бара уставно забранет трет мандат.

Изминатите месеци глобалното внимание е насочено кон ретките минерали и другите елементи, неопходни за високотехнолошките индустрии, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се спротивстави на доминацијата на Кина во овој сектор.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше кредибилитетот на раководството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека коментарите се погрешни.

6 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 31-Mar 18:24 -> 31-Mar 22:49
.
.
.
.

Оддавал службени тајни: Казнет член на обезбедувањето на премиерот

  • Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“.

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

7 (21) ■ вести > македонија ■ 31-Mar 09:44 -> 31-Mar 13:58
.
.
.
.

АХВ: Засега нема известување од ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи

  • Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

  • Пронајдени 250 килограми флипс, оризови барови и грицки со поминат рок кои се продавале на пазари низ Скопје

Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.

10 (6) ■ вести > балкан > регион ■ 31-Mar 19:41 -> 31-Mar 22:21
.
.
.
.

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

  • Силно невреме на грчкиот остров Парос, поројот носи автомобили (ВИДЕО)

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогодени се островите Парос и Миконос каде што улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогоден е островот Парос, каде што улиците се претворија во реки.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија