Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, тврди дека Северна Кореја сега ја снабдува Русија со муниција, дури 40 проценти.
Режимот на Ким Џонг Ун, исто така, ѝ испраќа на Русија друго оружје, вклучувајќи балистички ракети и артилериски системи, рече Буданов во интервју за „Блумберг њуз“.Русија, рече тој, за возврат ѝ обезбедува на Северна Кореја пари и технологија, што помага во ублажување на меѓународната изолација на Пјонгјанг.„Тоа е добро оружје“, рече Буданов, кој 60 проценти од загубите во воените разузнавачки единици во изминатите три месеци ги припишува на нападите од артилерија произведена во Северна Кореја.„Северна Кореја има огромни резерви и производството продолжува без престан“, додаде Буданов.