Ова ќе ги зголеми приходите во економиите за развој, но тоа, исто така, е и прашање на праведност, бидејќи секој треба да го плати својот фер дел, додаде Фон дер Лајен.
Сето ова, според неа, е потребно за привлекување на приватниот сектор, што е и суштина на инвестициската програма на ЕУ „Глобална порта“, преку која се мобилизира приватен капитал во трансформативни развојни проекти насочени кон локален раст и отворање работни места на локално ниво. Kurir
Европската Унија обезбедува 42 отсто од помошта за развој во светот и останува посветена на тоа, но смета дека е добро да се појавуваат и нови донатори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на пленарната сесија на Четвртата меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот што се одржува во шпанскиот град Севиља. Kurir
Ова е суштината на „Компромисот за Севиља“ за кој се согласивме денеска и токму тоа е она што Европа има за цел да го постигне заедно со нашите глобални партнери, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека ЕУ предлага здружување на силите на глобално ниво и воспоставување заеднички инвестициски програми за остварување на Целите за одржлив развој, но и воведување на фер даночен систем со цел привлекување на приватни инвестиции. Sitel
Европската Унија обезбедува 42 отсто од помошта за развој во светот и останува посветена на тоа, но смета дека е добро да се појавуваат и нови донатори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на пленарната сесија на Четвртата меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот што се одржува во шпанскиот град Севиља.
За да го затвориме инвестицискиот јаз едноставно ни треба промена на парадигмата и нови начини за мобилизирање на многу повеќе финансии. Kurir