Американскиот Стејт департмент соопшти дека ја одобрил продажбата на опрема и услуги за Украина за поддршка и одржување на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) од американско производство, во вредност до 180 милиони долари.
Владата на Украина побара купување опрема и услуги за обука, одржување и модернизација на постоечките системи за противвоздушна одбрана од американско потекло, се наведува во соопштението на Агенцијата за одбранбена соработка и безбедност при Стејт департментот, пренесува Укринформ. Kanal5