Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за Украина да не поставуваат ограничувања за тоа како силите на Киев можат да го користат, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.
НАТО многу сериозно го сфаќа прашањето за безбедноста во регионот на Црното Море, ние сме подготвени да го одбраниме секој сојузник, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со романскиот премиер, Марсел Колаку во седиштето на алијансата во Брисел.