Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, бидејќи претседателот во заминување настојува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари, изјавија денеска двајца американски претставници.
Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети „Стингер“ и муниција за ракетниот систем ХИМАРС, објави Ројтерс.