Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика светските лидери да ја „засилат, а не да ја намалуваат“ поддршката за Украина, со цел земјата да влезе во евентуални мировни преговори со Русија во најдобра можна позиција, пренесува Гардијан.