„Европа почна да се милитаризира и се претвори во воена партија“, рече тој на дневниот брифинг со новинарите, според Би-би-си. „Плановите за милитаризација на Европа, кои очигледно се во спротивност со намерите на рускиот и американскиот претседател да бараат начини за започнување на процесот на мирно решавање“, кажа портпаролот на земјата којапред три години изврши неиспровоцирана целосна воена агресија врз соседна, независна Украина, и чиј претседател го отфрли планот за 30 дневно примирје, поставувајќи неприфатливи услови кои би значеле капитулација на Украина. Civilmedia