Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.
Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Турските власти го приведоа главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата за поврзаност со корупција, пренесува турската државна новинска агенција Анадолу.