Русија објави дека е подготвена да води разговори со Украина „без никакви предуслови“, но речиси во исто време рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постави низа јасни барања што откриваат дека Москва сè уште ги има условите за преговори.
Меѓународното признавање на Крим, самопрогласената Донецка Народна Република, самопрогласената Луганска Народна Република, Херсонската и Запорошката област како руски е императив за решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.