Американскиот претседател Доналд Трамп денес јасно стави до знаење дека губи трпение со рускиот претседател Владимир Путин , остро критикувајќи го по последните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев и други украински градови, трета ноќ по ред, но исто така му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не си прави никаква услуга со она што го кажува.„ Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, завчера организирал приватна вечера за 220 инвеститори кои ја купиле криптовалутата „$TRUMP“, симболично поврзана со неговото име.Меѓу гостите биле крипто ентузијасти, вклучувајќи го и поранешниот НБА играч Ламар Одом, а настанот се одржал во голф клубот Трамп во северна Вирџинија, недалеку од Вашингтон, објави NBC News.Околу 100 демонстранти се собрале пред местото на одржување со транспаренти и слогани како „Трамп е предавник“ и „Крипто корупција“, протестирајќи против вечерата.